Историјат на Клиниката за Неврологија

     Клиниката започнува со работа во 1947 година  заедно со Медицинскиот Факултет во Скопје и тоа како Клиника за Нервни и Душевни Болести со прв директор и основоположник  Проф. Д-р Божидар Никетиќ.

  • Во учебната 1953/54 година започна настава по предметот Невропсихијатрија при Медицинскиот Факултет Скопје.

  • Во 1957-та  Клиниката го доби првиот апарат за Електроенцефалографија Reega XV од француската фирма ALVAR.


ALVAR, Reega XV Bureau

  • Во 1969 -та Клиниката го доби првиот апарат за Електромиографија со што  започна развојот на современата дијагностика на заболувањата на мускулите и периферните нерви.

  • Во 1979 -та  со набавката на апаратот за компјутеризирана томографија CT1010 од англиската фирма EMI се подобри  дијагностиката на централниот нервен систем.


EMI, CT1010

  • Во 1997 -та  година настанува одвојување на две посебни клиники како одвоени целини Клиника за неврологија и Клиниката за психијатрија.

Денес Клиниката работи самостојно како Ј(авна) З(дравствена) У(станова) Клиника за неврологија.