1. Историјат на
Катедрата
Наставата по предметот
невропсихијатрија започнала во 1953-54 година, и првите предавања ги
држел проф. д-р Божидар Никетиќ, а привте асистенти избрани по овој
предмет биле проф. д-р Стефан Стефановски и проф. д-р Петар Филдишевски
кои одржувале редовни вежби со студентите. За прв шеф на Катедрата е
назначен проф. д-р Божидар Никетиќ, кој оваа функција ја вршеше сé до
својата смрт во 1963 година, за да потоа
биде наследен од проф. д-р Петар Филдишевски до 1978 година,
проф. д-р Стефан Стефановски до 1986 година, за да потоа во мандат од по
две години, бидат избрани проф. д-р Љерка Тарник Митрева, проф. д-р
Миодраг Мицев, проф. д-р Петар Пемов, проф. д-р Радослав Наумовски,
проф. д-р Љубиша Новотни, проф. д-р Ристо Љапчев, проф. д-р Методи
Чепреганов, проф. д-р Илија
Џонов, проф. д-р Вера Петрова, проф. д-р Лилјана Илиевска, и во периодот
октомври 2005 до септември 2007 година избран е проф. д-р Ристо Тренчев.
2. Состав на членовите
на Катедрата од нејзиното формирање до денес:
- проф. д-р Божидар
Никетиќ
- проф. д-р Петар
Филдишевски
- проф. д-р Стефан
Стефановски
- проф д-р Тихомир
Кузмановски
- проф. д-р Љерка
Тарник Митрева
- проф. д-р Петар
Пемов
- проф. д-р Љубиша
Новотни
- проф. д-р Радослав
Наумовски
- проф. д-р Ристо
Љапчев
- проф. д-р Илија
Џонов
- проф. д-р Вера
Петрова
- проф. д-р Анте
Поповски
- проф. д-р Лилјана
Илиевска
- проф. д-р Ристо
Тренчев
- проф. д-р Вера
Даскаловска
- проф. д-р Снежана
Влашки Јекиќ
- доц. д-р Дијана
Никодијевиќ
- науч.сор. д-р
Гордана Китева Тренчевска
- науч. сор. д-р
Наталија Долненец Банева
- ас. д-р Михаил
Стојанов*
- ас. д-р Ана
Георгиевска*
- ас. д-р Татјана
Петковска Бошкова*
- ас. д-р Снежана
Радуловиќ Беќаровска*
- ас. д-р Владимир
Бојковски*
- ас. д-р Горан
Николоски
- ас. д-р Анита
Арсовска
- ас. д-р Игор Петров
- пом. ас. д-р Татјана
Чепреганова Чанговска
- пом. ас. д-р Горан
Колевски
- пом. ас д-р
Слободанка Саздова Бурнеска
* (го изгубиле звањето асистент во 2004 и 2006 година)
3. Образовно-едукативна активност на катедрата
Катедрата при Клиниката за Неврологија во континуитет од нејзиното
формирање обавува образовна дејност на студенти на Медицинскиот факултет
Скопје, како и на Стоматолошки Факултет Скопје по предметот Неврологија.
Во склоп на специјализацијата по Неврологија за лекарите од клиниката и
вон клиниката, семестрално се одржуваат предавања од професорите по
неврологија по некои базични и субспецијалистички поглавја од
неврологијата (неуроанатомија на ЦНС, синдроми на мозочните лобуси,
невротрансмитери, епилепсија- (неуроимејџинг, електрофизиолошки техники
и современи тераписки стратеги), демиелинизирачки болести, невропатии,
цереброваскуиларни болести. Предавањата се од типот на класичните
теоретски-видео презентации, интерактивна активност и сл.
По осамостојувањето на Р.Македонија катедрата по неврологија заедно со
управата на клиниката има организирано и 3 конгреси по Неврологија со
ме”ународно учество.
При клиниката за Неврологија се изведуваат последните неколку години
едукативни семинари за новите достигнувања како и освежување на
предходното знаењето за ЕЕГ (последните 2 години, годишно по 4 семинари
со посетеност по 25 специјалисти невролози за секој семинар), а годинава
е обавен и семинар за ЕМГ со посетеност на повеќе од 100 доктори
специјалисти (невролози, ортопеди, трауматолози, физијатри, доктори по
општа медицина).
Во фаза на подготовка е и првиот симпозиум со интернационално учество за
епилепсија, ЕЕГ И ЕМГ, кој ќе се одржи во Септември 2007 г. во Охрид.
Во склоп на Клиниката за Неврологија работи и лигата против епилепсија
на РМ (која е дел од Интернационалната лига против епилепсија) која има
организирано 2 семинари последните 3 години на кои се едуцираа 70-тина
доктори невролози за новите тераписки стратегии, дијагностички
достигнувања и клинички искуства од областа на епилепсиите. Во рамките
на едукативната дејност се печати и списанието ,,Епилепсија,, два пати
годишно како двоброј кое е со интернационално учество, истото е на 2
јазика македонски и англиски и е индексирано во индекс медикус.
Во склоп на клиниката
последните 2 год. работи и Здружението за Клиничка Неврофизиологија на
РМ кое обавува еднаш годишно едукативна дејност за новитетите во
неврофизиолошката дејност, и тоа минатата година со интернационално
учество (под раководство на почесниот претседател на европското
здружение за неврофизилогија проф. Столберг) на кои има посетеност од
околу 100-тина доктори невролози од земјата.
Во склоп на клиниката се изведуваат и акредитирани едукациски курсеви за
доктори од ЕУРЕПА (european epilepsy academy) и тоа од областа на
клиничката епилептологија и фармакотерапијата на епилепсиите, при што
последните три години се направени 6 ЕУРЕПА курсеви, последните 3 (2006
год.) акредитирани од Лекарска комора на Македонија.
4. Научно-истражувачка
активност на Катедрата
(меѓународни проекти, соработка со институции и поединци во земјата и
странство, публицистичка дејност
…..)
Проекти:
1. Самоубиствата во
Македонија (раководител проф. д-р Љерка Тарник Митрева, 1976). (Проектот
е преточен во книга).
2. Современ третман на
Мултиплата склероза (раководители проф. д-р Ристо Љапчев и проф. д-р
Вера Даскаловска, 1993)
3. Ефектот на
тераписки дози на Карбамазепин врз спонтаната и предизвикана електрична
активност на мозокот и нивната корелација со текот на болеста
(раководител проф. д-р Радослав Наумовски, 1994).
4. Имуногенетски
испитувања кај епилепсијата
(раководител проф. д-р Лилјана Илиевска, 1994).
5. Неврофизиолошки
аспекти на хередодегенеративните заболувања (раководител проф. д-р Вера
Петрова, 1994).
6.
Клиничко-неврофизиолошки истражувања кај хередодегенеративните
заболувања (раководител проф. д-р Вера Петрова, 1999-2001)
7. Невролошки
и психијатриски наоди кај болни со епилепсија во интерикталниот
период (раководител проф. д-р Радослав Наумовки, 2001).
8. Спастицитет -
можности за квантитативна објективизација (раководител проф. д-р Ристо
Љапчев, 2000-2003).
9. Алпопротеин Е -
маркер за Алцхајмерова болест, раководител науч. сор. Ангел Митревски,
2001-2003).
10. Имуногенетика
(раководител: проф. д-р Лилјана Илиевска, 2004).
Моногафии
Катедрата издаде
учебник одобрен од Наставно-научниот совет на Медицинскиот факултет, под
наслов Основи принципи во
неврологијата (група автори, гл. уредник проф. д-р Вера Петрова,
Просветно дело Скопје, 2002)
1. Неврологија и
психијатрија (Стефан Стефановски, Просветно Дело, Скопје, 1974)
2. Самоубиствата во
СРМ (Љерка Тарник-Митрева и сор. Студентски збор, Скопје, 1983).
3. Епилепсија и
мозочен тумор (Методи Чепреганов, Студентски збор Скопје, 1986).
4. Клиничка
компјутеризирана томографија на мозокот (Методи Чепреганов, Македонска
книга, Скопје, 1988).
5. Мигрена (Методи
Чепреганов, Гоце Делчев, 1993).
6. Мускулни дистрофии
(Илија Џонов, Просветно дело Скопје, 1985)
7. Невромускулни
болести (Илија Џонов и Вера Петрова, Македонска книга Скопје, 1986).
8. Воспалителни болети
на мускулите (Илија Џонов, Просветно дело Скопје, 1988)
9. Невромускулни
болести - компендиум (Илија Џонов, НИП Нова Македонија Скопје, 1992;
дополнето издание 1996 и 2000).
10. Епилепсии
(Радослав Наумовски, Просветно дело Скопје, 1985)
11. Болести на
периферните нерви (Ристо Љапчев, Студентски збор Скопје 1986).
12. Неврофизиолошка
дијагностика и патофизиологија на мултиплата склероза (Вера Петрова,
Студентски збор Скопје, 1984).
13. Евоцирани
потенцијали во клиничката неврологија (Вера Петрова и Лилјана Илиевска,
Македонска книга Скопје, 1991).
14. Апоплексија и
биометереологија (Анте Поповски, Студентски збор Скопје, 1989).
15. Главоболка (Анте
Поповски, Студентски збор Скопје, 1993).
16. Ургентна
неврологија (Анте Поповски, Студентски збор Скопје, 1994).
17. Болни синдроми во
неврологијата (Анте Поповски, Студентски збор Скипје, 1994).
18. Практикум во
неврологиајта (Анте Поповски, Студентски збор Скопје, 1995).
19. Исхемични
растројства на мозокот (Ристо Тренчев, Скопје, 1995).
20. Медицински
вештачења во парничната постапка (Љубиша Новотни, Наша книга Скопје,
1981).
21.
Судско-психијатриски вештачења, деловна способност
(Љубиша Новотни, Студентски збор Скопје, 1984).
22. Судска
психијатрија, (Љубиша Новотни, Скопје, 1998)
23. Дистонија и
ботулинум токсин (Ристо Љапчев и Лоди Гоговска, Матица Македонска Скопје
1997).
24.
Imagerie des Epilepsies (Metodi Cepreganov, JL Dietman, C. Marescau,
Masson et Cie Paris, 1996).
25. Мултипла склероза
(Вера Даскаловска, Скопје, 1999)
26. Мултипла склероза
(Лоди Гоговска, Скопје, 1999).
27. Клиничка
електроенцефалографија, прв дел (Михаил Пасху, Менора Скопје, 2000)
28. Несоница (Анте
Поповски, Михаил Пасху, Анита Арсовска, Студентски збор, Скопје, 1999)
29. Мозочен удар (Анте
Поповски, Студентски збор, Скопје, 1999).
30. Клиничка
неврологија, општ дел. (Анте Поповски, Студентски збор, Скопје, 2002).
31. Клиничка
неврологија, општ дел. (Анте Поповски, Студентски збор, Скопје, 2002).
32. Клиничка
неврологија, специјален дел. (Анте Поповски, Студентски збор, Скопје,
2002).
33.
Neuropsikiatria (Ante Popovski et al. Skopje 2004).
34. Praktikum Neurologijik (Ante Popovski et asl.
Finea, Skopje, 2005). ,
5. Здравствено
апликативна дејност
При Клиниката за Неврологија повеќе години наназад се обавуваат низа
стручни едукативни усовршувања на доктори од Р. Македонија и соседните
држави (воглавно од Косово) и тоа:
-
на одделот за неврофизиологија
во склоп на кабинетите за ЕЕГ, ЕМГ и ЕП последните 2-3 години се обавени
10-тина едукации по наведените неврофизиолошки методи, во период од 6
месечна континуирана едукација за секој метод засебно, при што досега се
едуцирани 20 доктори, но исто така се едуцирани и 5 медицински сестри за
техничката работа со апаратите за ЕЕГ, ЕМГ и ЕП;
-
на одделот за колор дуплекс
сонографија се едуцирани 3 доктори од земјата и соседните држави во
период од 6 месечна континуирана едукација за работа со оваа метода.
6. Список на добиени
награди и признанија (институцијата или поединеци)
1. Проф. д-р Вера
Петрова и проф. д-р Лилјана Илиевска добија Гоцева награда за посебни
заслуги од областа на науката во 1995 година за монографијата
Евоцирани потенцијали во
клиничката неврологија (Македонска книга Скопје, 1991).
2. Проф. д-р Љубиша
Новотни доби Гоцева награда за посебни заслуги од областа на науката во
1999 година за книгата
Судска психијатрија (Скопје, 1998).
ШЕФ НА КАТЕДРАТА
Проф.
д-р Ристо Тренчев