Д-р Снежана Радуловиќ-беќаровска

e-mail: becar@mail.net.mk
Контакт телефон: 389 2 3147 316
Снежана Радуловиќ-Беќаровска на 01.01.1994 година стапува во редовен работен однос на Клиниката за неврологија при Универзитетскиот клинички центар во Скопје. Специјализација по неврологија има завршено на 25 март 1999 година.
Во 1996 година е избрана за помлад асистент по предметот Неврологија со што активно се вклучува во едукацијата на студентите. Во 1999 година е избрана за асистент по предметот Неврологија.
Со научна работа започнува веднаш по вработувањето на Клиниката и резултат на тоа се над четириесетина стручни трудови презентирани и публикувани на домашни и меѓународни стручни манифестации и списанија. Во тѕекот на 2005 година дел е од тричлениот тим, при Министерството за здравство, кој ги изготви медицинските водичи по неврологија. Учесник во неколку мултицентрични проекти за ефикасност на лекови.
Член е на македонско невролошко здружение и на EFNS I WFNS.
Активно го користи англискиот јазик.