Проф. Д-р Вера Петрова

Директор на  Клиниката

 

E-mail : vpetrova@nevrologija.com.mk

Контакт телефон: 389 2 311 904

 

     Родена сум во Битола 1947 година, каде го завршив основното и средното образование со одличен успех. На Медицинскиот факултет во Скопје се запишав 1966/67 и истиот го завршив во редовен рок 1971 година со просечна оцеан 9.5, бев прогласена за најдобар студент на Универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје и наградена со плакета и златен саат од тогашниот ректор Др. Кирил Пенушлиски на редовното годишно собрание на Универзитетот 1971 година.

На Клиниката за Невропсихијатрија се запослив со владина стипендија за талентирани студенти 1972 година.

Специјалистички испит по Невропсихијатрија положив 1975 година.

За помлад асистент сум избрана 1974 година, а за редовен 1978 година.

По одбрана на магистерскиот труд 1978 година и докторската дисертација 1982 година (после 4 години чекање), 1986 година сум избрна за доцент. За вонреден профессор сум избрана 1990 година, а за редовен 1995 година. Последен реизбор за редовен професор е 2002 година.

Во тек на работата објавив 141 трудови во земјата и во странство, напишав и монографии:

  1. Патофизиолошки основи на мултипна склероза (1980 година),

  2. Епилепсија, заедно со Проф.Др. Р. Наумовски (1982 година),

  3. Невромускулни болести, заедно со Проф. Др. И. Џонов (1986),

  4. Клиничка примена на евоцираните потенцијали, заедно со Проф. Др. Љ. Илиевска (1991 година).

Последната монографија е наградена со награда за Посебни достигнувања од областа на науката (награда Гоце Делчев), 1995 година.

Во тек на мојата работа со студенти и специјализанти, активно учествувам во наставната и научната работа на Клиниката. Ги воведов визуелните евоцирани потенцијали како  метода во неврофизиологијата на Клиниката.

Носител сум на успешно завршен (6 годишен) проект за паркинсонова болест.

Во три наврати сум била директор на Клиниката (период од 1995-1997), како Невропсихијатриска клиника, потоа 2000 година и на крај 2001-2002 година, како Клиника за неврологија.

Сега сум Шеф на одделение за екстрапирамидни заболувања.

За шеф на катедрата за неврологија со две години мандате бев избрана од Октомври 2001-Октомври 2003 година. Во овој период успеа обидот да создадеме учебник по Неврологија. Во овој учебник учествуваа осум професори, а јас бев стручен редактор и еден од авторите на учебникот. Деновиве се спрема второ издание на учебникот по Неврологија.

Активно го употребувам францускиот јазик, користам литература на англиски јазик.

Моментално, по четврти пат сум директор на Клиниката за неврологија.