Асс. Д-р Игор Петров

 

E-mail : neuromed211@yahoo.com

Контакт телефон: 389 2 3147 334

 

Роден сум на 6 октомври 1971 година во Скопје, и по професија сум лекар. Основно и средно училиште завршив во Скопје, со одличен успех. Дипломирав на Медицинскиот факултет во Скопје на време, во 1995 година, со просечен успех 9.92. Вработен сум на Клиниката за неврологија во Скопје (на Одделот за неврофизиологија) од февруари 1996 година.

Специјалитички испит положив во 2002 година (после обавената специјализација од 1998 до 200 година).

Одбранив магистерски труд во 2004 година на Медицинскиот факултет во Скопје, под наслов: Неврофизиолошки наоди кај паркинсонизам.

За време на студиите на Медицинскиот факултет учествував на повеќе студентски конгреси во странство и во земјата, и со програмата за размена на студентите, престојував еден месец во Бреша (Италија) во 1994 година; два месеца во Љубљана (Словенија) во 1995 година на Одделот за неврофизиологија, каде работев со д-р  З. Пиртовшек на електромиографија, и д-р Брецељ на полето на евоцираните потенцијали.  Еден месец престојував во Братислава (Словачка), во 1996 година, кај проф. Траубер.

За време на работењето како лекар (од 1996 година) учествував на многу конгреси: на конресот во Лондон во март 1997 година учествував со темата:”Слична на енцефалит слика кај пациенти со Паркинсонова болест третирани со лево допа”, печатен во списанието Journal of the Movement Disorders 1997; 2 suppl; XII International Symposium on Parkinson's disease.

          Во јуни 1998 година во Љубљана  учестувва на 9 Европски конгрес за клиничка неврофизиологија со темата: “П300 кај пациенти со субкортикална деменција”, печатен во Journal Federation of Clinical Neurophysiology 1998; 106 Supl. 1001.

          Учествував на 11 Меѓународен конгрес на ЕМГ и клиничка неврофизиологија на Прага (Чешка) во септември 1998 година со темата: “П300 и ММН кај пациенти со парцијална епилепсија и когнитивни нарушувања”, печатен во Journalof International Federation of Clinical Neurophysiology 1999; 110 (Suppl.1).

          Исто така во ноември 1999 година во Каиро (Египет) учествував со темата “Епилептични пациенти со пресенилна (Алцхајмерова) деменција”.

          Би сакал да наведам дека сум напишал и неколку трудови на полето на ВЕП и мој посебен интерес се евоцираните птоенцијали (ВЕП, полуполева стимулација, СЕП на n. medianus, n. tibialis и друго кај пациенти со различни невролошки болести.

          Во 1998 година престојував кај проф. Чијареза (Италија) во Милано и во 3-месечен период еден месец работев на полето на ВЕП и когнитивните евоцирани потенцијали (латерално спремни потенцијали). Исто така работев како лекар еден месец во Институтот за неврофизиологија во Љубљана со д-р Брецељ, особено на полуполева стимулација кај пациенти со тумори, МС и други невролошки заболувња.

          Автор сум на научни трудови кои се печатени и прзентирани во земјата и во странство (Англија, Франција, Бугарија, Австрија и др.).

          Во 2003 година пријавив докторска дисертација на тема: Евалуација на неврофизиолошките и морфолошките наоди кај болни со паркинсонизам плус синдром и когнитивни нарушувања. Сега сум пред одбрана на докторската теза.

          Одлично зборувам и пишувам англиски и германски јазик.