ОДДЕЛ ЗА невромускулни  болести

   

шеф на оддел: Проф. Д-р. Снежана Влашки-Јекиќ
шеф на отсек: Д-р Иван Барбов
одд. сестра: Валентина Боневска

 

   Во доменот на работа на овој оддел спаѓа дијагностиката, терапијата и превенцијата на примарните и секундарните невромускулни болести и останати болести на периферниот нервен систем, системски болести со нвролошки манифестации и болести од областа на општата неврологија.

Дијагностички и терапевски се згрижуваат пациенти со

  • примарна и секундарна миопатија (мускулни дистрофии, конгенитални миопатии, метаболни миопатии, воспалителни миопатии, ендокрини миопатии, токсични миопатии)

  • примарна и секундарна невропатија (хередитарни невропатии, амиотрофична латерална склероза и останати болести на моторниот неврон, радикулопатии, плексопатии, дифузни периферни невропатии од метаболна, каренциелна, токсична инфламаторна природа /AIDP, CIDP, MMN со кондуктивен блок, невропатии асоцирани со гамапатија, васкулитична невропатија и др./)

  • миастенија гравис и останати миастенични синдроми

  • системски (гранични) болести со асоцирани невролошки симптоми и знаци
    (невросаркоидоза, васкулитиси, невроамилоза)

  • пациенти со општа невролошка патологија