Оддел за Главоболки и болни синдроми

 

Шеф на оддел:

Одд. доктор: Пом.Асс. Д-р Горан Колевски
одд. сестра: Миле Јанкуловски

 

Одделот за Главоболки и болни синдроми е во функција на дијагностика и третман на следниве невролошки заболувања:

·         Главоболки

Нашиот оддел ги применува актуелните светски сознанија за современа дијагностика и терапија на мигрената и нејзините подтипови,  тензионата главоболка, кластер-главоболката, кранијалните невралгии, како и останатите главоболки, класифицирани според актуелната меѓународна класификција на главоболките (според Меѓународната класификација на глвоболки).

·         Болни синдроми

На Одделот за Главоболки и болни синдроми истотака се дијагностицираат и третираат цервикобрахиалгиите, лумбоишиалгиите, како и другите болни синдроми.

·         Психосоматски заболувања

Во рамките на Одделот се дијагностицираат и третираат  и психосоматските заболувања. 

 

Одделот е во функција и на континуирана едукација и стручно усовршување на студентите по медицина и стоматологија, како и на специјалистички и субспецијалистички кадри.

 

Во рамките на Одделот за главоболки и болни синдроми, а во согласност со актуелните промени на работното време и сменската работа, во најскоро време се предвидува  постоење на субспецијалистичка амбуланта за главоболки, болни синдроми и психосоматски состојби, која би работела во втора смена во лекарската соба на Одделот.

Истотака, во иднина се предвидува остварување на сорботка со Институтот за патофизиологија и користење на нивниот апарат за SPECT (single photon emission computed tomography), со цел унапредување на современата дијгностика на мигрената.                            

Контакт телефон: 389 2 3147-334