Отсек за физикална терапија

   

 

шеф на отсек: Асис. Д-р. Снежана Радуловиќ-Беќаровска

   

 

    Отсекот за физикална терапија има примарна цел да овозможи успешна физикална терапија и рехабилитација на пациентите со цереброваскуларни болести, цервикобрахијални и лумбоишиалгични синдроми, хередо-дегенеративни болести, невромускулни болести и демијелинизирачки болести на централниот и периферниот нервен систем.

Отсекот во својата секојдневна работа користи разни терапевтски помагала помеѓу кои најчести се ултразвучна терапија, вакум терапија, двостанична терапија, кратки бранови, дијадинамик, електрофореза, интермет кратки бранови, масажа и вежби, кои заедно со високо професионалниот медицински персонал овозможуваат современ и делотворен третман на оваа специфична група на пациенти.

 Контакт телефон: 389 2  3147 340