ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

04.07.2012

 

 

Јавната здравствена установа - Клиника за Неврологија, воспостави Политика за квалитет како документ со кој се утврдуваат основните цели за квалитетна здравствена нега и заштита.

 

НАШАТА ВИЗИЈА се препознава преку континуирана грижа на пациентите, квалитетната здравствена нега и професионалниот медицински и немедицински персонал со кој располага Клиниката за неврологија.  

 

НАШАТА МИСИЈА е создавање на медицинска институција посветена на квалитетна грижа за пациентот со посебно внимание за клиничка совршеност, безбедност на пациентите и посветеност кон осигурување на најдобрата здравствена заштита на оние на кои им е најмногу потребна.

 

Главни вредности на параметрите на квалитетот во здравствената заштита за кои се залагаат вработените во Клиника за неврологија се:

 

  Основно право на пациентот е добивање на квалитетна и безбедна здравствена услуга со која ќе бидат исполнети нивните потреби и очекувања;

  Постигнување на максимална ефикасност со оптимално искористување на ресурсите;

  Обезбедување на ефикасна и навремена медицинска нега за сите пациенти;

  Традиционалните етички вредности на медицината и грижата за пациентот од страна на сите членови на Клиниката;

  Почитување на законските прописи од областа на медицинската заштита;

  Континуирана медицинска едукација и обука на медицинскиот и немедицинскиот персонал;

  Континуирано подобрување на квалитетот на нашето работење е основано на одговорна, тимска работа, богато знаење како и повеќегодишно искуство на нашите вработени;

  Воспоставување и постојано подобрување на Системот за управување со квалитет согласно барањата на стандардот ISO 9001:2008

  Квалитетна етичка практика на медицината.

  Тежнеење кон имплементација на највисоките стандарди во здравството;

 

 

КВАЛИТЕТ НА ЗДРАВСТВЕНА УСЛУГА Е НАША ПРОФЕСИОНАЛНА ДОЛЖНОСТ

 

                                                                                                                                                                Одобрил:
Директор