ЈАВЕН
КОНКУРС за именување Директор на
ЈЗУ Клиника за неврологија-Скопје
03.12.2007
Управниот одбор на ЈЗУ Клиника за неврологија, на својата седница одржана на 28.11.2007 година, донесе Одлука за распишување на
ЈАВЕН КОНКУРС
за именување Директор на ЈЗУ Клиника за неврологија-Скопје
I
Се распишува јавен конкурс за именување Директор на ЈЗУ Клиника за неврологија во Скопје, кој се состои од две лица кои се подеднакво одговорни за работењето на Клиниката и за обврските што се превземаат во правниот промет, со мандатен период од 4 (четири) години.
II
Покрај општите услови предвидени со Закон, кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
Едното лице:
- завршено високо образование од областа на медицинските науки;
- најмалку 5 години работно искуство во здравствена установа; и
- положен испит за Директор, согласно Законот за здравствена
заштита;
Другото лице:
- завршено високо образование од областа на економските науки
или јавно-здравствениот менаџмент;
- најмалку 3 години работно искуство од економијата, финансиите
или менаџмент или од системот на организацијата на здравствената
заштита и здравственото осигурување; и
- положен испит за Директор, согласно Законот за здравствена
заштита.
Покрај ова, кандидатите треба да понудат и најквалитетна програма за работа на Клиниката за неврологија.
Со пријавата на кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- диплома за завршено високо образование;
- доказ за должината на работното искуство;
- уверение за положен испит за Директор согласно ЗЗЗ;
- Предлог Програма за работа на ЈЗУ Клиника за неврологија.
III
Документите (оригинал или заверени кај нотар) се доставуваат во архивата на ЈЗУ Клиника за неврологија, или по пошта на адреса:
ЈЗУ Клиника за неврологија, ул. Водњанска бр. 17, Скопје, со назнака:
“за конкурс за директор"
IV
Конкурсот ќе биде објавен во најмалку 2 (два) дневни весника, од кои во еден од весниците што се издаваат на Македонски јазик, и во весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од Македонскиот.
Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето во дневниот печат.
V
Пристигнатите документи ќе ги прегледува тричлена Комисија која е избрана од Управниот одбор на ЈЗУ Клиника за неврологија.
Во рок од осум (8) дена по завршување на конкурсот, целокупната документација ќе биде предадена во Министерството за здравство на РМ.
VI
Решение за именување на двата Директори по предлог на здравствениот совет ќе донесе Министерството за здравство на РМ, во рок од 30 дена по добивање на целокупната документација.
Пријавите со потребните документи се поднесуваат во Архивата на ЈЗУ Клиника за неврологија во Скопје, или по пошта, на адреса ЈЗУ Клиника за неврологија, ул. Водњанска бр. 17, Скопје, со назнака: “за конкурс за директор".
Некомплетно и ненавремено доставени документи нема да бидат предмет на разгледување.
УПРАВЕН ОДБОР
на ЈЗУ КЛИНИКА ЗА НЕВРОЛОГИЈА
Претседател.
Д-р Арбен Таравари, мр сци