најново

ДОПОЛНИТЕЛНА ДЕЈНОСТ

други информации

 

Дополнителна дејност на здравствени работници од Клиниката за неврологија

09.02.2007

 

Согласно на Одлуката на Управниот Одбор  на Клинички центар Скопје од 16.01.2007 за дополнителна дејност на здравствени работници,  Клиниката за неврологија изготви

  •  УПАТСТВО за консултативни, дијагностички и терапевтски услуги,

  • КРИТЕРИУМИ за исполнување на услови за добивање согласност за обавување дополнителна работа

  • ЦЕНОВНИК за консултативни, дијагностички и терапевтски услуги,

  • СПИСОК на доктори кои можат да даваат консултативни, дијагностички и терапевтски услуги


 

УПАТСТВО

за консултативни, дијагностички и терапевтски услуги

 

Специјалист со над 7 год. работно искуство треба да добие согласност од управата на Клиниката за изведување на дополнителна дејност. Дополнителната дејност на здравствениот работник ќе се изведува по претходно барање на пациентот.

Услов за добивање на согласност е докторот да ја исполнил нормата за работа во редовното работно време. Дозволата ќе трае за период од 6 месеци и може да се обнови доколку специјалистот не ги прекршил правилата за дополнителна дејност.

Закажувањата на здравствените услуги вон работното време ќе бидат изведени преку секретарката на Клиниката. Пациентите  поднесуваат барање за кој тип на консултативно-специјалистичка услуга се определуваат и за кој доктор. секретарката им дава информации за дополнителната дејност на докторите како и информација за цените на услугите. Плаќањето ќе се врши преку секретарката и благајната на клиниката , при што парите ќе се книжат на посебно конто за дополнителна работа. Распределбата на средствата од контото за дополнителна работа е во надлежност на директорот на Клиниката. Секретарката на пациентот му издава потврда за извршената услуга (со датум,час и име на специјалистот ).


 

КРИТЕРИУМИ

за исполнување на услови за добивање согласност за обавување дополнителна работа

 

Докторот специјалист треба да има најмалку 7 годиниработно искуство и да ги исполни следните обврски од работното место:

  • работно време  7:00-14:30 ч

  • припрема за утрински состанок 7:00-7:30 ч

  • стручен колегиум,утрински состанок, реферирање на пациенти 7:30-8:00 ч

  • утринска визита 8:00-9:00 ч

  • прегледи, исписи, конзилијарни консултации и работа со лежечки пациенти 9:00-10:00 ч

  • специјалистички , субспецијалистички прегледи и дијагностички процедури (КТМ, ЕЕГ, ЕМГ, ВЕП, СЕП, БАЕП, доплер, мускулна биопсија)   3-4 пациенти дневно

  • специјалистички преглед 0:30 ч  по пациент , субспецијалистички преглед 0:40 ч по пациент

  • работа со специјализанти, предавања, консултации, едукација и разговори 12:00- 13:00 ч

  • наставни обврски: испити, вежби со студенти, предавања  13:00-14:00 ч

По завршените 8 часовни обврски докторот специјалист во колку му дозволи стручниот колегиум и директорот има право за изведување дополнителна работа но не повеќе од 8 часа во неделата! и според предвидените услови во правилникот од законот за здравствена заштита и условите предвидени од стручниот колегиум и директорот на Клиниката. Месечната контрола на обврските е под контрола на  директорот на Клиниката.


 

ЦЕНОВНИК

за консултативни, дијагностички и терапевтски услуги

 

  Здравствена услуга ден
1 Невролошки преглед и консултација од специјалист 1300
2 Невролошки преглед и консултација од наставник 1500
3 Психијатриски преглед и консултација 1000
4 Психотерапевтска индивидуална сеанса 1200
5 ЕЕГ конвенционално 1500
6 ЕЕГ со депривација на сон 1800
7 ЕМГ конвенционално 1800
8 ЕМГ со неврографија 2200
9 Хистолошка и хистохемиска обработка и анализа на биопсичен материјал од мускул

1500

10 ВЕП 1500
11 СЕП (2) 1800
12 СЕП (n. medianus) 1500
13 БАЕП 1500
14 ТМЦ 2000
15 КТМ без контраст 2800
16 КТМ со контраст 3100
17 Колор Доплер Сонографија без контраст 2000
18 Скрининг процена на ментален статус 1000
19 Невропсихолошка процена на когнитивен статус 2500
20 Процена на интелектуални способности 1500
21 Бихевиорална процена 1500
22 Комплетен хематолошки статус 160
23 АЕД/по лек 650
24 Ликворен статус (тотални протеини,клетки, глук.) 200
25 Дискелектрофореза на ликвор 500
26 ИЕФ за олигоклонални ленти 1350
27 Административни трошкови за секоја здравствена услуга (Клиника,струја,чистачка,амортизација на апаратура) во висина од 5%
28 За дијагностичките методи (техничар, сестра, секретар, потрошен материјал) во висина од 10%

 


 

СПИСОК

на доктори кои можат да даваат консултативни, дијагностички и терапевтски услуги

 

  1. Проф. Д-р Вера Петрова
  2. Проф. Д-р Илија Џонов
  3. Проф. Д-р Анте Поповски
  4. Проф. Д-р Лилјана Илиевска
  5. Проф. Д-р Ристо Тренчев
  6. Проф. Д-р Вера Даскаловска
  7. Проф. Д-р Снежана Влашки-Јекиќ
  8. Доц. Д-р Дијана Никодијевиќ
  9. Науч. сор. Д-р Гордана Китева-Тренчевска
  10. Науч. сор. Д-р Наталија Долненец-Банева
  11. Прим. Д-р Михаил Стојанов
  12. Д-р Ана Георгиевска
  13. Д-р Татјана Петковска-Бошкова
  14. Д-р Снежана Радуловиќ-Беќаровска
  15. Д-р Владимир Бојковски