СЕМИНАР ПО ЕЛЕКТРОМИОГРАФИЈА
Почитувани колеги,
Семинарот за ЕМГ ќе биде одржан во 3 сукцесивни дела, со целодневни
теоретска и практична настава. За секој семинар учесниците ќе бидат
навремено известени за точниот датум и место на одржување и ќе добијат
отпечатена литература.
Семинарите ќе бидат презентирани преку предавања, видео презентации,
практична настава, дискусии. По завршување на третиот семинар учесниците
ќе се здобијат со сертификат за учество и посета на семинар по ЕМГ.
Исто така, учесниците ќе се здобијат со бодови бидејќи Семинарот е
акредитиран од страна на МЛД и Лекарската комора на Македонија.
Ви благодариме на учеството.
Со почит,
Проф. д-р Вера Петрова
Доц. д-р Дијана Никодијевиќ