Почитувани колеги,
Ми претставува огромно задоволство да Ве поканам на Петтиот конгрес на невролози на Р. Македонија со меѓународно учество кој ќе се одржи од 14-16 јуни во Метропол Езерскиот комплекс во Охрид.
Теми
- Цереброваскуларни болести
- Неврофизиологија
- Хередодегенеративни заболувања
- Главоболка и болни синдроми
- Ургентни состојби во неврологијата
- Демиелинизаторни и невроимунолошки болести
- Невромускулни болести
- Епилепсии
- Развојна неврологија
- Слободни теми
Работни јазици се македонски и англиски
Поднесување на абстракти
Рок за пријавување на абстракти: 01.04.2012
Абстрактите треба да се испратат по електронска пошта:
Абстрактите треба да содржат максимум 250 зборови, да се напишани на македонски или англиски јазик изработени во Microsoft Word со фонт МАЦ Ц Тимес или Times New Roman величина 12.
Абстрактот треба да содржи:
а) цел на истражувањето;
б) материјал и методи
в) резултати
г) заклучок.
Потребно е да се нагласи презентерот и дали абстрактот се праќа за усна или постер презентација.
Научниот одбор го задржува правото за прифаќање, односно неприфаќање на абстрактот како и начинот на презентација и по електронска пошта ќе го информира апликантот.
Претседател на Конгресот
Проф. Д-р Вера Петрова